За Нас

Fabrika - celosna slika

„Мебел-Ви“ е фирма за производство и продажба на мебел основана во 1997 година во Виница. Во асортиманот на „Мебел-Ви“ може да се пронајде сè што е потребно за опремување на животниот простор.

„Мебел-Ви“ постојано е насочен кон обезбедување на оние работи што ги смета за свои приоритетни цели:

– квалитет без конкуренција;

– единствено купувачко искуство, како и чувство на задоволство, искреност и доверба при комуникацијата од страна на купувачите;

– квалитетно работно опкружување за вработените.

Визијата за идното одвивање на работата на „Мебел-Ви“ се базира на конкретното сегашно искуство во работењето на фирмата надополнето со желбата за максимално унапредување на работата. Тоа значи дека „Мебел-Ви“ е насочен кон освојување на водечкото место во продажба на мебел во Македонија и задржување на позицијата домашен бренд за мебел број еден во Македонија. На тој начин, „Мебел-Ви“ ќе го осигура задоволството и ќе ја задржи довербата на своите купувачи.

Вредности во кои „Мебел-Ви“ вложува

Вработени – со висока свест за неизмерната вредност на човечкиот потенцијал, „Мебел-Ви“ голема важност им придава токму на вработените, чија едукација и усовршување се смета за приоритет кога станува збор за квалитетни производи и квалитетни услуги.

Професионалност – извршување на работата со најголема одговорност, секогаш имајќи ги превид желбите и интересот на купувачите.

Тимска работа – еден од клучните аспекти на успехот на „Мебел-Ви“. Поединечните вредности на секој член на професионалниот тим на „Мебел-Ви“ се споени во една целина и на тој начин сочинуваат движечка сила на дејствувањето и желбата за постојан напредок.

Развој – „Мебел-Ви“ постојаниот развој во работењето го смета за неопходен. Токму затоа, не се пропуштаат можности како за надградба и развој на вработените на професионален план, така и за раст и развој на нашата фирма. „Мебел-Ви“ својот развој го осигурува следејќи ги светските трендови и развојот на пазарот присуствувајќи на најголемите саеми за мебел во светот, но и слушајќи ги потребите и желбите на домашните купувачи преку истражувања и анализи на пазарот.

Грижа за купувачите – за „Мебел-Ви“ сите купувачи се важни – како актуелните, така и потенцијалните. Грижата за купувачите постојано се држи на високо ниво. Секој вработен во „Мебел-Ви“ ги извршува своите работни обврски постојано имајќи го на ум задоволството на купувачите.

Sopstvena-Distribucija-1