Технологија на кујни

Предните страни (фронтовите) на кујните во „Мебел-Ви“ се изработуваат од облагородена иверка, акрилен висок сјај што е отпорен на гребење, медијапан обложен со ПВЦ фолија и медијапан обоен со сјајни полиуретански бои.

Кога станува збор за медијапанот обложен со ПВЦ фолија и за обоениот медијапан, можно е по желба на купувачот на него да бидат изработени шари, кои дополнително придонесуваат за убавината на мебелот и ќе го направат уникатен вашиот дом.

Кујните се кантираат со АБС кантлента и се облепуваат со специјални лепаци на температура од 210 целзиусови степени.

ПВЦ фолијата се нанесува на специјална машина за таа намена.

Боењето на медијапанот се изведува во комора со најсовремени стандарди и еколошки бои од италијанската фирма „Милеси“, кои му даваат посебен сјај на мебелот.

Шарите се изработуваат на ЦНЦ машина чија прецизност гарантира идентичност на шарите, без никакви отстапувања.

Монтажата на кујните е во рацете на врвни мајстори обучувани во „Мебел-Ви“ во текот на долгогодишното постоење на фирмата.

Бладогарение на современата технологија и стручниот тим на „Мебел-Ви“, резултатот од работата е добивање мебел со врвен квалитет по најдостапни можни цени.