Технологија на душеци

Душеците од „Мебел-Ви“ се направени на тој начин што можат да се користат од двете страни. Тие се анатомски и долготрајни. Составени се од стандардно жичано јадро со дебелина на жицата од 2,2 mm, а за поголема стабилност се обвиени со филц и со сунѓер од сите четири страни.

Душеците овозможуваат спиење на сунѓер со специфична густина од 25 kg, прекриен со штепувана навлака со антиалергиска полиестерска вата што му дава дополнителна мекост и ергономичност на душекот. На тој начин, душекот овозможува добра вентилација и со тоа се зголемуваат неговата трајност и отпорноста на разни паразити, бактерии и габички.

 

Душек Фул Ортопед 

Овој модел на душек е резултат на добрите ортопетски својства на сунѓерот со специфична тежина од 30 kg. Основна карактеристика на овој душек е комфорот при спиењето, затоа што телото зазема перфектно природна положба и во рамената, и во ’рбетот, и во нозете, што придонесува за подобро функционирање на крвотокот и беспрекорно добар сон.

 

 

Душек ДЕЛУКС

Серијата душеци „де лукс“ е наменета за исполнување на очекувањата на луѓето со највисоки стандарди. Специјалниот микс на жичано јадро и сунѓер ги прави овие душеци особено меки и ортопедски. Тие се наменети за луѓето што се грижат за своето здравје и особено го ценат релаксираното спиење.

 

Душек Ерго Мемори

Најновото достигнување во технологијата за спиење е душекот „ерго мемори“. Мемори-пената е изработена од сензитивни материи што го спречуваат будењето во текот на ноќта и овозможуваат целосно опуштено спиење. Со тоа што телото во секоја точка допира подеднакво на душекот, се намалува потењето при спиењето и истовремено се елиминира физичкиот замор.

 

Информативен Флаер за Душеците кои се нудат во Салоните на МЕБЕЛ-ВИ