Правилник за услугите на Мебел-Ви

MebelVi-logo

Достава на производи

  • Мебел-Ви обезбедува достава на сите производи купени во сопствените салони. Доставата на производите е бесплатна.
  • Доставата на мебелот се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава се договараат за време на купувањето на производите, и купувачите секогаш се известени пред испораката на мебелот;
  • Истоварот и внесувањето на робата е обврска на купувачот;
  • Нарачките кои не се исплатени во целост пред доставата не се доставуваат;

Монтажа на производи

  • Монтажата на купената стока ја овозможуваме под следните услови:
  • – Монтажата на кујните од сопствено производство изработени по нарачка е бесплатна;
  • – Монтажа на лежај се наплаќа 2.000 ден;
  • – Монтажа на комплетна Детска соба извршена од Мебел-Ви се наплаќа 3.000 ден;
  • – Монтажата на Плакари извршена од Мебел-Ви се наплаќа 3.000 ден;
  • – Монтажа на комплетна Спална соба извршена од Мебел-Ви се наплаќа 4.000 ден;
  • – Комодите, закачалките и блок кујните се продаваат и доставуваат спакувани во пакети. За добивање на комодите и закачалките монтирани се наплаќа 1.500 денари за монтирање во фабрика, додека за монтирање на блок кујна во фабрика се наплаќа 2.500 денари.
  • – За комбинација на две или повеќе монтажи во иста нарачка, на една локација, обезбедуваме попуст 30% од редовните цени на монтажите.

Димензии на производите

  • Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат;
  • Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел;
  • За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач;
  • Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, Мебел-Ви не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.

Рокови на испорака

  • Главна определба на Мебел-Ви е брза испорака на своите производи до купувачите;
  • Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се нарачува готов производ или се нарачува производ по изработка, и изнесува до 25 дена;
  • За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат самите клиенти пред склучување на нарачката;
  • Максимален рок за чување на купената роба на клиентот во нашите магацини изнесува 45 дена.

Начин на плаќање

  • Плаќање во готово – Кога се склучува нарачката се плаќа целиот износ или одреден процент како аванс а остатокот се доплаќа на денот на достава на мебелот;
  • Плаќање на рати без камата со кредитни картички – овозможено преку картиците на Стопанска банка, без камата, до 12 рати;
  • Плаќање на рати преку договор за соработка – Мебел-Ви има склучено договори за соработка со многу институции, синдикати и претпријатија со кои се овозможува вработените во тие субјекти да пазаруваат на рати во нашите салони.

Рекламации

      • Купувачот може да пријави рекламација до салонот за мебел по писмен или усмен пат;
      • Продавачот е должен најдоцна во рок од 15 дена по приемот на рекламацијата да даде свое мислење и свој предлог за решавање на пријавениот проблем;
      • Доколку се утврди дека рекламацијата е оправдана продавачот е должен во рок од 30 дена да ја отклони рекламацијата со поправање или замена на производот;
      • Доколку се утврди дека рекламацијата не е оправдана продавачот има право да бара надомест од купувачот;
      • Продавачот е одговорен за робата само во гарантниот рок до 12 месеци. Продавачот не одговара за робата која е подигната со сопствен превоз и/или извршена монтажа од трети лица, освен во случај на технички проблем.
      • Лифтоматите и Канцелариските стoлoви кoи се вo нашата понуда имаат гарантен рок 6 месеци.

 

Мебел-Ви Дооел не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.mebel-vi.com.mk се од информативен карактер, а вистинскиот изглед на секој производ, со декларираните техничко-визуелни карактеристики може да се погледне во продажните салони на компанијата.